Вино Скоп ќе се одржи од 20 до 24 септември на плоштадот „Мајка Тереза“

278 Views Септември 5, 2017 Забава Редакција Емагазин

Годинешното издание на Вино Скоп ќе се одржи од 20 до 24 септември, на плоштадот „Мајка Тереза“ ( пред МОБ). Местото е идеално место и за дневни „after work” забави кои ќе започнуваат во 17 часот, а за време на викендот, посетителите ќе може да уживаат во дегустација на сортни вина и деликатеси од 12: часот на пладне. 

Во овој период од денот, винариите ќе имаат специјални промотивни цени за сите љубители на доброто вино и вкусните македонски деликатеси.  Во вечерните часови ќе има музика за сечиј вкус, почнувајќи од џез и блуз, етно, свинг, фолк, рок, поп и ретро.

Ова е 12-то издание на најпознатиот македонски вински фестивал, а по вторпат се одржува на плоштадот „Мајка Тереза“ , локација која што минатата година се покажа дека е навистина одлична за фестивал кој го слави пијалокот на боговите. Вино Скоп по 12-ти пат е поддржан од Град Скопје. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови