Има само автомобил: Каков имот пријавил кандидатот за градоначалник, Таравари

1976 Views Септември 6, 2017 Наша тема Редакција Емагазин

Во пресрет на локалните избори, еМагазин стартува со нов серијал, во кој ќе Ви преставивме со каков имот располагаат дел од кандидатите за градоначалници за престојните локални избори.

Напоменуваме дека користиме податоци од нивните анкетени листови, доставени до Државната комисија за спречување корупција, додека биле или се на некоја друга функција.

Овојпат Ви пренесуваме каков имот пријавил актуелниот министер за здравство, Арбен Таравари, кој е кандидат на Алијансата за Албанците, за градоначалник на Гостивар.

Според неговиот анкетен лист, Таравари на свое име пријавил само Волво, вредно 3 милиони денари и денарски депозити.

На име на брачниот другар пријавил два стана во Скопје, едниот од 94 метри квадратни, вреден 5,7 милиони денари, другиот од 50 метри квадратни, вреден 1,9 милион денари.



На име на родителите пријавил неколку деловни простори, куќа, двор, градежно земјиште во Гостивар, а за дел од овој имот не дал податок како е стекнат.

Како заеднички имот пријавил златен накит вреден 1,3 милион денари и уметнички слики, вредни 245 илјади денари.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

Фото: Влада

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Каков имот има кандидатот за градоначалник, Стефан Богоев

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови