Могерини: ЕУ никогаш нема да има армија, не сме воена унија

847 Views Септември 6, 2017 Бенчмарк Никола Осило

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави дека Унијата никогаш нема да формира сопствена армија. ЕУ не е воена унија и никогаш нема да биде, посочи Могерини при официјалната посета на Љубљана.

Таа додаде дека Унијата нема да финансира воени интервенции, туку ќе се фокусира на превентивни мерки.

Могерини укажа на значењето на размената на разузнавачки информации, борбата против радикализацијата на младите и интеграцијата на имигрантите.

Таа упати и апел да се изврши притисок врз Северна Кореја и се изјасни против воена интервенција.

„Искуството со Иран покажа дека може да се изнајдат решенија. Но, за постигнување на тоа“, Пјонгјанг би морал да биде подготвен да седне на преговарачка маса, потенцира Могерини.

Таа уште еднаш ги повика Словенија и Хрватска да ја применат одлуката на Арбитражниот суд за границата во Пирански Залив. 

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!