ФЕИТ со воведен курс за програмирање

339 Views Септември 6, 2017 Техно Редакција Емагазин

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да ги научат основите на програмирањето, новозапишаните и актуелните студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии може да го посетуваат новиот курс за програмирање Code@FEIT2017.

Курсот, петти пат по ред, го организира Институтот за компјутерски технологии и инженерство при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и ќе трае од 11-ти до 15-ти септември годинава.

Слушателите, во петте работни денови, ќе се запознаат со основите на програмирањето и дизајнирањето алгоритми, а ќе имаат можност, преку интерактивна настава, практично да преточуваат проблеми во алгоритми и потоа, во програмски код.

„Целта на курсот е да се покаже нов пристап кон програмирањето, да ги мотивира младите да учат програмирање и да креираат софтверски апликации. Интерактивната настава ќе ја покрие наставниот и соработничиот кадар на Институтот за компјутерски технологии и инженерство и кадар од Факултетската компјутерска лабораторија“, објаснува професор Марија Календар.

Сите заинтересирани може да добијат подетални информации на официјалната веб страна на ФЕИТ(http://www.feit.ukim.edu.mkили прек у електронската пошта: codeatfeit@feit.ukim.edu.mk.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести