Со сопругата заедно имаат четири стана: Каков имот пријавил кандидатот за градоначалник Шилегов

5302 Views Септември 7, 2017 Наша тема Редакција Емагазин

Во пресрет на локалните избори, еМагазин стартува со нов серијал, во кој ќе Ви преставивме со каков имот располагаат дел од кандидатите за градоначалници за престојните локални избори.

Напоменуваме дека користиме податоци од нивните анкетени листови, доставени до Државната комисија за спречување корупција, додека биле или се на некоја друга функција.

Овојпат Ви пренесуваме каков имот пријавил актуелниот пратеник на СДСМ, кандидат за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, како пратеник.

Според неговиот анкетен лист, тој на свое име пријавил куќа во Скопје, добиена како подарок, проценета на 24 милиони денари од 306 метри квадратни и стан од 87 метри квадратни, проценет на 6 милиони денари, во Скопје.

Неговата сопруга пак има три стана, од 64,72 и 68 метри квадратни во Скопје и вози Мерцедес, проценет на 600 илјади денари.

Како заеднички имот пријавил благородни метали и уметнички и колекционерски предмети, а на свое име и акции, зема пари од закупнина, а има и побарувања.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

Фото: СДСМ

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Има само автомобил: Каков имот пријавил кандидатот за градоначалник, Таравари

Каков имот има кандидатот за градоначалник, Стефан Богоев

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови