(Фото) Заврши ревијата на народни носии од Скопскиот регион

Со изложбата на народни носии, накит и сувенири во дворот на Црквата „Св. Спас“, фолклорна прошетка со преку 13 КУД, како и настап на Виолета Томовска и Ансамбл Кочо Рацин-Скопје,  денеска заврши дводневната манифестацијата „Ревија на народни носии од Скопскиот регион".

Секторот за локален економски развој на Град Скопје во соработка со Здружението на уметници ракотворци АРТИ КРАФТ Скопје, годинава по втор пат ја организираше оваа манифестација.

Во рамките на манифестацијата вчера /6 септември/, се одржа и  трибина на тема „Народната носија од Скопска Блатија и Скопска Црна Гора како дел од носиите од горновардарската етнографска целина”,   во НУ Конзерваторски центар Скопје-Црква „Св. Спас“.

Делата на ракотворците говорат за уметноста, способноста, за уметничката дарба, за креативноста, за духот на нашиот народ, говорат за нашето постоење, култура и традиција. Нивните дела се записи, сведоци на минатото на нашиот народ, и тие раскажуваат за богатата култура на сите народи од овој простор кои опстојувале со векови.  

Целта на овој настан е да се популаризира народната носија од Скопскиот регион, како и да се промовира и одржи традиционалното занаетчиско производството и поттикне размената на искуства и знаење на занаетчиите, зголемување на продажбата на занаетчиските  производи и услуги и зголеми туристичката понуда преку претставување на занаетчиството како бренд и симбол на препознатливост на град Скопје.

 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови