Невработеноста во независна Македонија: Од 1998 година над 200.000 лица чекаат на вработување повеќе од една година

764 Views Септември 8, 2017 Наша тема Никола Осило

Иако стапката на невработеност падна на околу 22 отсто, што е најниско ниво во изминативе години, податоците за долгорочните трендови во невработеноста откриваат дека во Македонија има континуиран проблем со армија од над 200.000 лица кои чекаат на вработување повеќе од една година.

Според официјалните податоци н Државниот завод за статистика во периодот 1998 - 2015 година, најголем број од невработените лица чекале вработување повеќе од една година.

Нивното учество во вкупно невработените лица, иако имаше мали порасти или опаѓања, останува речиси на исто ниво односно околу границата од 80 отсто.

Фото: euroactive

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!