Си заминува или останува: Сергеј Самсоненко вложува во фудбалската академија Вардар

3284 Views Септември 8, 2017 Бизнис Никола Осило

Дали рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко навистина ќе си замине од македонскиот спорт, како што најави пред извесен период или сепак ќе остане по огромните успеси на Вардар е прашање кое највеќе ги мачи фановите кои дочекаа да ги гледаат омилените клубови од фудбалот и ракометот во натпревари со светско реноме и уште повеќе да се радуваат на европски титули.

Иако навести заминување, Самсоненко се чини дека нема намера да се откаже од македонскиот фудбал набргу ако се земе предвид дека вчера уплати средства во фудбалската академија „Вардар“.

Имено, Централниот регистар на Република Македонија донесе решение со кое се одобрува упис на внес на основна главнина од 5.000 евра и запишување на одлука за измена на актот на друштвото за спортски дејности „Фудбалска академија Вардар“ ДООЕЛ.

Фото: ФК Вардар

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Рускиот бизнисмен се повлече од „Вардар“: Што ќе се случи со бизнисите на Сергеј Самсоненко во Македонија

Самсоненко се повлекува од Вардар: Не заслужувам вакви навреди!

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!