Рамуш Харадинај ќе биде премиер на новата Влада на Косово

231 Views Септември 8, 2017 Балкан Никола Осило

Косовскиот претседател Хашим Тачи му го додели мандатот за формирање на влада на кандидатот на коалицијата ПАН, Рамуш Харадинај, со што завршува блокадата што беше создадена по изборите на 11 јуни.

„Го прифатив предлогот на победничката коалиција на изборите, која обезбеди мнозинство гласови во Парламентот, за одредеување мандатор за формирање нова влада. Врз основа на моите уставни надлежности мандатот му го врачив на Рамуш Хараднај, што беше предлог на оваа коалиција“, напиша Тачи на Фејсбук.

Новата коалициска влада ќе ја сочинуваат партиите од коалицијата ПАН (Демократската партија, Алијасата за иднината на Косово и Иницијатива за Косово), Алијасата за Ново Косово, Српска листа, како и Турската партија, која е дел од пратениката група на немнозинските етнички заедници.

Како што соопшти Кадри Весели, по изборот за прв парламентарец гласањето за новата влада ќе биде в сабота.

Мандатарот на новата косовска влада Рамуш Харадинај упати апел до косовските граѓани да не ја напуштаат земјата, бидејќи според него, решение не се бара по патиштата низ светот, туку во Косово.

Апелот на Харадинај доаѓа по појавата на повторно масовно заминување на косовските граѓани во некоја од западно европските земји, феномен кој по кусо затишје повторно е присутен.

„Секојдневно од заминуваат полни автобуси со цели семејства, а градовите и училиштата остануваат се попразни“, наведуваат косовските медиуми.

Неофицијално во последната деценија и пол околу 20 отсто од населението го напуштило Косово.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!