(Фото/видео) Кој дојде на прославата за независноста во Влада

Министри и други функционери од владејачко мнозинство, претседателот на Собранието, преставници на дипломатскиот хор, преставници од МПЦ, но не и од сите политички партии во земјата беа дел од централната прослава на Денот на независноста.



Прославата беше под слоганот „Македонија слободна, слободно живее“, а се состоеше од детската претстава „Маша и нејзината приказна“, танц студиото „Данцерс Унитед Мк“ изведе инклузивен танцов настап на професионални танчари со типичен развој и со танчари со попреченост, свиреше гудачкиот кваратет ВИВА стинг, а настапи и хорот при Македонската Опера и Балет.

На сцената поставена во дворот на Владата настапија и Биг Бенд на Здружението на џез музичари на Македонија, Љубојна со специјалниот гостин Џамбо Анѓушев, Бени и Нон Стоп со Златко Ориѓански, Влатко Стефановски Трио, Кпурдат, Шутка Рома Рап и Слаткаристика.  

Владата по повод празникот ги отвори вратите за граѓаните кои можат да ги погледнат поставените интерактивни уметнички инсталации.



Премиерот Зоран Заев одржа говор. Дел од атмосферата и неговиот говор во видеото:

Фото: Влада/МИА/Видео: Влада

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови