Gooo Боки со помош за други деца, Томе Кириази е ОК

1571 Views Септември 8, 2017 Мој став Силвана Жежова

Актуелизирањето на приказната за Томе Кириази, стара три години, ме погоди од две причини, приватно и професионално.

Томе го запознав пред три години, кога еМагазин го прогласи за Личност на годината, откако од нашите колеги ја прочитавме приказната за него.

Тој беше нашиот херој и отидовме во Битола за да направиме наша сторија. Се уверивме во условите во кои живееше, бремето на сиромаштијата на кои им прокосеше генијалноста на умот на Томе.

Уште тогаш знаев, а денес ми се потврди, дека помош му е потребна колку некој да го поттурне, бидејќи тој со неговиот ум и знаење ќе си го најде патот.

По приказната во еМагазин, се покрена голема акција и многу луѓе помогнаа. Контактирав многу пријатели, сопственици на компании. Компанијата Еуролинк се понуди да го стипендира. Го паметам и денот на позитивниот одговор, 19 декември, Св.Никола. Една година подоцна подарив икона, за гестот.

Томе стипендијата од оваа компанија ја земаше една или две години, а потоа се префрли на државна стипендија. Се запиша на Факултетот за информатика во Битола и почна да реди успеси и да освојува награди на натпревари.

Твитерџиите покренаа акција за на Томе да му се купи Телескоп, бидејќи тој е добар и во Астрономија. Учествува на натпревари и освојува награди..

За сите овие години го следев неговиот развоен пат, многу се израдував кога слушнав дека е во Белгија. Во тие моменти си помислив дека проценката не ме излажала, Томе си го најде својот пат.

Професионално, приказната ме погоди, бидејќи одредени сајтови, оваа човечка судбина ја актуелизираа и ја претставија како нова. Уште еднаш, на површина исплива непрофесионалноста која владее во медиумскиот простор. Посебно што станува збор за рециклирање на стар текст поврзан со човечки судбини и животи, кои некако испливале од дното и фатиле тек на животниот колосек.

На непроверената приказна, се надоврза Боки Јовановски, кој како претседател на Меѓународен сојуз на Скопје, најпрво треба да истражи за кое дете станува збор, каков е неговиот моментален статус и дали е потребна помош.

Потребна е проценка дали има потреба од кревање на врева на социјалните мрежи или уште повеќе, ангажирање околу веќе завршена работа.

Доброто е што Томе е згрижен, па силите и ресурсите на Боки и хуманите луѓе треба да се насочат кон оние на кои навистина им треба помош

Томе, за акцијата не беше запознаен, а подеднакво зачуден како и јас. Тој моментно е во Белгија, на пракса во компанија.

П.С Gooo Боки со помош за други деца, Томе Кириази е ОК

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ ОВИЕ СТОРИИ

Сиромаштијата не му може ништо на знаењето на Томе Кириази, со тоа всушност и пркоси

По сторијата на еМагазин, Томе Кириази доби стипендија од Еуролинк осигурување

Твитерџиите издејствуваа телескоп за Томе Кириази, подарок од Т-Мобиле

Томе Кириази му се израдува на Телескопот од Т-Мобиле

Студентот Томе Кириази од Битола и понатаму реди успеси и му пркоси на тешкото секојдневие

(Галерија) Томе Кириази освои прво место на Интернационалниот NASA Space Apps Challenge натпревар

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови