Двајца Македонци на мотор сакаат да го гушнат светот и да пренесат топли прегратки од Македонија

Силвана и Тони сакаат да тргнат на пат околу светот со мотоцикл за да ги пренесат прегратките од Македонија, а нивната идеја полека но сигурно прераснува и во своевиден македонски подвиг. 

Големата подршка што доаѓа од сите страни на Европа и светот, како и од Македонија, расте од час во час. 
„Гушни го светот“ - Македонија, е на одличен пат да стане прво македонски бренд за сечија подршка, а потоа и светски. 

„Сега, на овоа патешествие, на светот ќе му подариме илјадници гушки од Македонија, патувајќи со мотор, откако прво истите ќе ги собереме овде во Македонија. Таквите прегратки се топли, смируваат, охрабруват, влеваат зрак надеж, ја враќаат вербата и самодовербата за смислата на вистинскиот живот. А посебно за смислата на нашиот живот, и огромната желба да го застанеме на нозе нашето прво новороденче наречено “Гушни го светот!““, вели Силвана на нејзиниот блог.

Фото: Фејсбук

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови