Кадри Весели избран за претседател на косовскиот Парламент

160 Views Септември 8, 2017 Балкан Камелија Делија

Косовскиот Парламент денеска со мнозинство гласови за прв парламентарец го избра Кадри Весели, лидерот на Демократската партија.

Од вкупно 120 пратеници, на седницата присуствуваа 114, при што за неговиот избор гласаа 62 пратеници од 

коалицијата ПАН (Демократска партија, Алијанса за иднината на Косово и Иницијатива за Косово) Алијансата за Ново Косово (освен еден) и пратениците на „Листа српска“ и немнозинските заедници.

Весели (50) беше на ова функција и во претходниот собрански состав.

Претходно тој беше прв разузнувач на Косово. Зборува англиски, германски и српски јазик. 

За`потпретседатели на парламентот се избрани Џавит Халити, од ПАН, Аида Дергути од Движењето „Самоопределување“ и Кујтим Шала од коалицијата Демократски сојуз - Алтернатива.

Денешното продолжение на конститутивната седница беше закажано за 11.00, часот, по локално време, но претседавачот Адем Микуловци ја одложи за попладнево поради отсуство на пратенците од коалицијата ПАН.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!