(ВИДЕО) Потресни снимки од моментот на земјотресот во Мексико: Загинаа најмалку 15 лица

1109 Views Септември 8, 2017 Свет Редакција Емагазин

Бројот на загинати во разорниот земјотрес во Мексико се зголеми на 15, изјави Рикардо де ла Круз, претставник на Агенцијата за вонредни ситуации.

Тој рече дека тела на десет жртви се пронајдени во градот Јучитан на југ во Мексико.

– Билансот на загинати е 15, врз основа на податоци од сите држави, изјави тој за телевизијата Миленио.

Претседателот на државата Енрике Пења Нието рече дека тоа  бил „најсилен земјотрес во изминатите 100 години“ во таа држава. Земјотресот бил со интензитет од 8,1 по Рихтер.  

МИА/Фото: Getty Images/Видео: AMAZING VIDEOS/WORLDBESTVIEWS

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови