Почина Пјер Берж, долгогодишен партнер на Ив Сен Лорен

520 Views Септември 8, 2017 Забава Редакција Емагазин

Пјер Берж, влијателен француски бизнисмен и филантроп, догогодишен емотивен и бизнис партнер на Ив Сен Лорен, почина во 86 година.

Берж беше и генерален директор на модното царство на Ив Сен Лорен и претседател на УО на магазинот Монд.

- Почина денеска во Сент Реми во Прованси, изјави Марина Шале, портпарол на француската фондација на болни од Сида.

Таа не даде повеќе детали ниту информации за тоа кога и каде ќе биде погребот.

Берж на Ив Сен Лорен му даде најголема поддршка кога ја напушти модната куќа Диор и благодарение на него, Лорен изгради сопствена империја. Берж планираше идниот месец да отвори музеј во Париз посветен на познатиот дизајнер. 

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови