Каков имот има кандидатот за градоначалник, Благој Бочварски

2344 Views Септември 9, 2017 Наша тема Редакција Емагазин

Во пресрет на локалните избори, еМагазин стартува со нов серијал, во кој ќе Ви преставивме со каков имот располагаат дел од кандидатите за градоначалници за престојните локални избори.

Напоменуваме дека користиме податоци од нивните анкетени листови, доставени до Државната комисија за спречување корупција, додека биле или се на некоја друга функција.

Овојпат Ви пренесуваме каков имот пријавил актуелниот пратеник на СДСМ, кандидат за градоначалник на Штип, Благој Бочварски, како пратеник.

Според неговиот анкетен лист на свое име само возило БМВ, проценето на 1,4 милион денари, два кредити од по 616 илјади и 431,5 илјади денари, а има и неколку денарски и девизни сметки.

На име на родителите пријавил дел од куќа во Штип и стан во Скопје од 49 метри квадратни, проценет на 2,4 милиони денари.

На име на родителите пријавил уште две возила, Мерцедес и Хјундаи, удели и дивиденди, но и уште еден кредит.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

Фото: Фејсбук/Благој Бочварски

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Со сопругата заедно имаат четири стана: Каков имот пријавил кандидатот за градоначалник Шилегов

Има само автомобил: Каков имот пријавил кандидатот за градоначалник, Таравари

Каков имот има кандидатот за градоначалник, Стефан Богоев

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови