(ВИДЕО) Збогум Шурда

648 Views Септември 9, 2017 Забава Редакција Емагазин

На 81 годишна возраст во Белград почина легендарниот актер, Љубиша Самарџиќ, познат и како Шурда.

Како што јавуваат српските медиуми, во декември лани имал тешка операција на главата, а неговата здравствена состојба сериозно се влошила во последните денови, како последица на леукемија од која Самарџиќ боледувал подолго време.

Љубиша Самарџиќ е роден во Скопје на 19 ноември во 1936 година. По образованието што го стекнал на Академијата за драмски уметности во Белград стана актерска легенда во поранешна Југославија.

Беше оженет со Мирјана со која прослави 50 години брак.

Самарџиќ ќе го паметиме по улогата на Шурда во серискиот филм „Топол ветер“, но и по прекарот „Смоки” кој го доби по истоимениот лик којшто го толкуваше во 1963 година во филмот „Песочен град“.

Самарџиќ играше и во филмовите:  „Битка на Неретва”, „Сутјеска”, „Бомбаши”, „Љубовниот живот на Будимир Трајковиќ”, „Луди години”, „Работа на одредено време”, „Татко на одредено време”, „Не е лесно со мажите”, „Магарешки години”, „Убиство со предумисла”, и во повеќе телевизиски серии меѓу кои „Враќање на отпишаните”, „Каде одат  дивите свињи”, „Подобар живот”, „Полицаецот од Петлов рид“...

Фото: Владислав Митиќ/Ало.рс/Видео: SPANISH FILMS/Preporuka Filmova

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови