Кристина Аранаудова преку „Проект Среќа“ обезбеди 205 школски прибори за деца во социјален ризик

Пејачката Кристина Арнаудова преку нејзиното здружение „Проект Среќа“ до сега успеа да собере 205 комплетни школски прибори за деца во социјален ризик, соопшти таа на својот Фејсбук профил.

„Драги пријатели, моето здружение Проект Среќа имаше до денес проект за донирање на школски прибори за деца во социјален ризик, проект #среќнашколскагодина2017 ! Проектот го поддржаа голем дел компании и донирани се рекордни 205 комплетни школски прибори!

Најголемиот број од нив се веќе поделени, на деца, кои неколку здруженија кои работат со деца во социјален ризик ни ги посочија! Навистина сум среќна и горда што успеавме да ставиме насмевки на лицата на 205 деца! За сите проекти, акции и актуелности следете ја Проект Среќа на фб!“, напиша таа.





Фото: Фејсбук/Кристина Арнаудова

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови