(ФОТО) Место кое мора да го посетите: Паличкото езеро направено од солзи

2985 Views Септември 9, 2017 Прошетај се Камелија Делија

Ако сакате одмор во природа како од бајка, каде можете да се бањате, да шетате и да уживате, Паличко езеро е вистнското место за Вас.

Оваа туристичка дестинација која се наоѓа во Војводина не е толку позната за Македонците.

Паличко езеро е една од најпосетените туристички дестинации во Србија во последните години, пред се поради својата уреденост, убавина, архитектура и различните можности за одмор и рекреација.


Паличко езеро се наоѓа во Војводина на 8 километри од Суботица. Тоа е едно од најголемите природни езера во Србија.


Во 18 век започнало истражувањето за лековитоста на водата од ова езеро, со што почнале да се градат хотели и бањи во градот кој и ден денеска постојат. 


На езерото има три уредени плажи, а за време на туристичката сезона температурата на водата е меѓу 18 и 25 степени.


Езерото е значајно и по неговата лековита кал.


Брегот на езерото е долг 17 километри и уреден е во целата своја должина, а езерото е опкружено со природен парк.


Она што е претпознатливо и што му дава шмек на ова место е архитектурата на хотелите, вилите и куќите.
Во непсоередна близина на езерото се наоѓа и Зоолошка градина во која животните не се сместени во кафези, туку слободно шетаат во ограден дел на паркот, со што ова место го прави уште поинтересно.


Ова природно лековито езеро според легендите е направено од солзи.

Според приказните од мештаните езерото настанало од солзите на пастирот Павле кој тука го изгубил своето стадо, па затоа и водата во езерото е солена.

Според друга приказна пак езерото е остаток од Панонското море кое во прастарите времиња постоело на овие простори.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови