Фирмата на вицепремиерот доби тендер, Анѓушев тврди нема ништо спорно, бидејќи не е управител

7703 Views Септември 9, 2017 Бизнис Редакција Емагазин

Фирмата на вицепремиерот Кочо Анѓушев, „Фероинвест“, добила  државен тендер на ЕЛЕМ за набавка на гумени транспортни ленти, објави „Канал 5“.

Анѓушев не гледа ништо спорно во тендерот, бидејќи како што вели, не управува со фирмата.

„Согласно законот, „Фероинвест“ си има управител. Обратете се до „Фероинвест“ ќе ви ја објаснат постапката. „Фероинвест“ има 880 вработени и не учествува во бизнисот во Македонија од денеска.

Учествува уназад 15 години и го прави истото ова. Јас како потпртетседател на Влада не сакам да имам никакви привилегии, но компаниите мора да продолжат да си работат. Согласно закон, не смеам да управувам со нив и не управувам, тие си имаат управител и обратете се кај него“, вели Анѓушев во телефонска изјава за „Канал 5“.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

ЕЛЕМ: Тендерот за гумени траки за РЕК Битола, не е завршен

Извор: Kanal 5

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови