ЕЛЕМ: Тендерот за гумени траки за РЕК Битола, не е завршен

324 Views Септември 9, 2017 Бизнис Редакција Емагазин

Во врска со тендерот за набавка на гумени траки за РЕК-Битола, во кој се споменува фирмата Фероинвест, сакаме да ја информираме јавноста дека за тој тендер досега се одржани две аукции, на кои, бидејќи набавката е поделена на три дела, најповолна цена понудиле три фирми, меѓу кои и Фероинвест, велат од ЕЛЕМ.

„Аукциите потоа се поништени по жалби од други учесници во наддавањето, така што следната недела ќе се одржи нова аукција за овој тендер.

Постапката за сегашниот тендер е почната во текот на мандатот на претходното раководство на АД ЕЛЕМ.

Првата електронската аукција е одржана и поништена во текот на тој мандат, втората е одржана и поништена по доаѓањето на новото раководство, а следната недела ќе се одржи јавно наддавање по трет пат. Тоа значи дека повторно сите заинтересирани фирми ќе учествуваат во аукцијата за овој тендер.

Што се однесува до интересот на јавноста за споменатото правно лице од Р.Македонија, сакаме да информираме дека за тоа лице претходното и сегашното раководство првично утврдиле дека има дадено најповолна цена само за еден дел од пакетот за набавка на гумени траки , а за другите два дела од пакетот раководството на АД ЕЛЕМ утврдило дека најповолни понуди дале правни лица од Бугарија и од Полска.

Сакаме да информираме и дека фирмата Фероинвест  и во изминатите години, во одредени периоди, набавувала дел од потребната количина на гумени траки за РЕК-Битола, услуга која што ја извршувале и други фирми од земјата и одстранство.

Напоменуваме уште еднаш, дека тендерот не е завршен, дека двете досега одржани јавни аукции, после кои се утврдени фирмите кои дале најниски цени- се поништени по жалби на другите конкуренти, и дека следната недела ќе се одржи ново наддавање“, велат од ЕЛЕМ.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови