(ВИДЕО) Затишје пред бура: Мајами како град на духови го очекува ударот на Ирма

1458 Views Септември 9, 2017 Свет Камелија Делија

Националниот центар за урагани на САД соопшти дека ураганот Ирма, од петта категорија се движи кон кубанскиот архипелаг Камагвеј, со брзина на ветрот од 260 километри на час.

Ураганот Ирма се наоѓа на 443 километри од Мајами и се приближува со брзина од речиси 20 километри на час.

Мексиканскиот Залив синоќа беше погоден од ураганот Катја, кој во меѓувреме ослабна до тропска бура, а максималната брзина на ветерот изнесува околу 70 километри на час.

Ураганот Хосе од четврта категорија се наоѓа на 386 километри источно-југоисточно од  Заветрените Острови, кои се наоѓаат во северниот дел од Мали Антили, група острови помеѓи Карипско Море и Атлантски Океан.

На веб-страницата „Клајмат центар“ објавена е симулација која прикажува како би можел да изгледа Мајами кога ураганот Ирма ќе помине преку него.

Фото: ABC News

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!