Каков имот има кандидатот за градоначалник, Зијадин Села

8780 Views Септември 10, 2017 Наша тема Редакција Емагазин

Во пресрет на локалните избори, еМагазин стартува со нов серијал, во кој ќе Ви преставивме со каков имот располагаат дел од кандидатите за градоначалници за престојните локални избори.

Напоменуваме дека користиме податоци од нивните анкетени листови, доставени до Државната комисија за спречување корупција, додека биле или се на некоја друга функција.

Овојпат Ви пренесуваме каков имот пријавил актуелниот пратеник Зијадин Села, кандидат за градоначалник на Струга од Алијансата за Албанците, како пратеник.

Според неговиот анкетен лист, тој на свое име има пријавено куќа од 300 метри квадратни, проценета на 4,8 милиони денари во Ливада, Струга, земјиште од 3.190 метри квадратни, проценето на 2 милиони денари, исто во Ливада и Шума од 15.157 метри квадратни во Бегова шума, Струга, проценета на 3,6 милиони денари. Целиот овој имот му е од наследство.

Вози Јагуар, проценет на 600 илјади денари, а има и кредит од 610 илјади денари, кој ќе го отплаќа до 2018 година.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

Фото: Фејсбук/Зијадин Села

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Каков имот има кандидатот за градоначалник, Благој Бочварски

Со сопругата заедно имаат четири стана: Каков имот пријавил кандидатот за градоначалник Шилегов

Има само автомобил: Каков имот пријавил кандидатот за градоначалник, Таравари

Каков имот има кандидатот за градоначалник, Стефан Богоев

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови