(ВИДЕО) Италија под вода: Пет лица загинаа во силно невреме во Ливорно и Тоскана

776 Views Септември 10, 2017 Свет Камелија Делија

Најмалку пет лица загинаа, а тројца се водат како исчезнати во бурата, која денеска ја погоди Италија, а меѓу најпогодените градови се Ливорно и Тоскана. 

Четири лица од исто семејство се пронајдени мртви во поплавена куќа во Ливорно, каде 40 саниметри дожд паднаа за четири часа, претворајќи ги улиците во реки, кои носеа се пред себе.

Италијански медиуми јавуваат дека загинале девојче, нејзините родители и нејзиниот дедо. 



Петтото тело е пронајдено на подрачје разурнато од свлечиште, додека три лица се водат како исчезнати, соопштија пожарникарите

МИА/Видео: Euronews/Фото: Reuters/ Alessio Novi/ANSA via AP

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!