Зделка вредна 18 милиони евра: „Балкан енерџи“ купува 55.000.000 килограми мазут

6135 Views Септември 11, 2017 Бизнис Никола Осило

Производство на топлина „Балкан енерџи“ ДООЕЛ Скопје распиша оглас за набавка на 55.000.000 килограми масло за горење -мазут. Проценетата вредност на договорот без ДДВ е 1.148.620.000 денари или околу 18,6 милиони евра.

Место на испорака на стоките: Топлана Запад (Тафталиџе, Скопје), Топлана Исток (Керамидница, Скопје) и Топлана 11-ти Октомври (Кисела Вода, Скопје).

Критериум за доделување на договорот е најниската цена.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!