Откако го поплави Мајами, ураганот Ирма ослабна до прва категорија

214 Views Септември 11, 2017 Свет Камелија Делија

Ураганот Ирма, во налет кон регионот Тампа Беј, достигна до прва категорија со јачина на ветрови од 135 километри на час. 

Ураганот со јачина од трета категорија вчера го зафати јужниот дел на Флорида, каде ги поплави улиците на Мајами и остави околу 1,8 милиони домови и фирми без електрична енергија. 

Јадрото на Ирма се наоѓа на околу 40 километри североисточно од Тампа и се придвижува кон северниот и североисточниот дел со брзина од околу 24 километри на час.

Фото: ACB News

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!