Македонски Телеком слави 100.000 Magenta 1 корисници со двојно повеќе интернет за сите

569 Views Септември 11, 2017 Техно Редакција Емагазин

Овој месец Македонски Телеком слави 100.000 Magenta 1 корисници и по тој повод сите Magenta 1,Smart  и COOL корисници добиваат подарок: двојно повеќе 4G мобилен интернет до крајот на годината.

Magenta 1 ги обединува најдобрите комуникациски и ТВ услуги, на едно место и за целото семејство. Корисниците можат да го состават својот пакет од мобилни услуги, фиксен интернет и телевизија според своите потреби.

За целосно уживање во спортот, Македонски Телеком го вклучува и Sport HD ТВ пакетот во сите Magenta 1 пакети. Отсега и корисниците на Magenta 1 ТВ S ќе можат да уживаат во Sport HD каналите, доколку склучат договор на две години во промотивниот период од 11 септември до 15 октомври 2017 година.

Со оваа понуда корисниците можат да одберат и Samsung смартфони или 40-инчен Телеком телевизор, по супер цена.

Повеќе информации на www.telekom.mk

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести