Струмичани во шок: Средношколец почина откако падна од кош

760 Views Септември 11, 2017 Локално Никола Осило

Седумнаесетгодишен средношколец претпладнево го загуби животот по пад од кошот во кошаркарското игралиште во СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица.

Според Министерството за внатрешни работи, во 10:15 часот во Полициската станица во Струмица било добиено телефонско известување од струмичката Општа болница дека било пренесено безживотно тело на дете родено 2000 година со место на живеење во Босилово.

Детето, според полицискиот извештај, во СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица при детска игра се качил на кошот од кошаркарското игралиште од училиштето од каде што паднал и од настанатите повреди при падот, починало на самото место.

Од страна на СВР Струмица извршен е увид, а на местото на несреќата излегол и јавен обвинител.Се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот, информираат од МВР.

Фото:black community centar

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!