Русија подготвува стратегија за Балканот

412 Views Септември 11, 2017 Балкан Редакција Емагазин

Русија подготвува стратегија за Балканот, која ќе биде готова до крајот на годината, изјави британскиот аналитичар Марк Галеоти, координатор за европска бебедност во Институтот за меѓународни односи.

- Премногу долго Европа и НАТО го запоставуваа регионот на Балканот. И мислам дека добиваме назнаки дека Русија на тоа гледа како на нова борба за да го прошири својот авторитет и да создаде проблеми во Европа, посочи Галеоти за Радио Слободна Европа.

Тој посочи дека стратегијата на Москва за Балканот клучна држава ќе биде Србија.

Галеоти за Европскиот совет за меѓународни односи направи истражување „Контролиран хаос: Како Русија управува со својата политичка војна во Европа“.

Во извештајот се посочува дека Москва користи „активни мерки“ за неутрализирање на Европа и проширување на сопствените зони на влијание.

- Балканот е меѓу најслабите точки, а Србија најважна алка, која служи како лансирно поле на Москва за балканот, истакнува Галеоти.

Тој додаде дека е убеден оти Русија ќе продолжи да се обидува да влијае на настаните во Црна Гора само со посуптилни методи, како и оти ќе продолжи да врши притисок врз БиХ и Македонија.

- Србија е клучна не само поради долгогодишните политички и културни врски, како и попради големиот број руски инвестиции, туку и поради што Русија зависи од Србија, како нејзино лансирно поле внатре во Балканот. Додека Србија има двојна улога, од една страна е среќна да ги прифати борбените авиони и слично, но од друга страна има и своја долгогодишна амбиција да биде дел од ЕУ, истакна Галеоти. 

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови