Голем протест во Барселона: Каталонците порачаа „Збогум Шпанија“

163 Views Септември 11, 2017 Свет Никола Осило

Илјадници каталонски сепаратисти се собраа денеска во Барселона барајќи отцепување на тој регион од Шпанија, три недели пред референдумот за независност кој Мадрид го забранува.

Околу 400.000 луѓе учествуваат во демонстрациите во Барселона додека се повеќе се заострува реториката меѓу таа богата североисточна покраина и шпанската централна власт.

Демонстрантите, на себе имаа црвено-жолто-сини сепаратистички знамиња и носеа транспарент Збогум Шпанија, и маршираа во центарот на Барселона.

Протестите се одржуваат на денот на национален празник на Каталонија.

Уставниот суд на Шпанија го суспендира законот за референдум, кој во средата беше усвоен од каталонскиот регионален Парламент, додека Државното обвинителство најави тужба против Пуџдемон и другите членови на неговата Влада поради злоупотреба на положбата, а од вработените во јавниот сектор побара да не учествуваат во организирање на референдумот.

„Ова е легален референдум, во согласност со законите кои ги усвои Парламентот на Каталонија“, наведе Пуџдемон.

МИА/фото:kls.com

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!