Заев се сретна со нотарите: Банките и моќните компании да не бидат попривилигирани од граѓаните

3793 Views Септември 11, 2017 Македонија Никола Осило

Иницијативата за сеопфатна дебата за изнаоѓање најдобро решение за недоследностите во нотарската практика беше тама на разговор на работната средба на премиерот Зоран Заев со претставници од Нотарската комора на Македонија на која присуствуваа и министрите за внатрешни работи и за образование, Оливер Спасовски и Рената Десковска.

Претставниците на комората, информираат од владината прес-служба, укажале на нивните забелешки на постоечкиот Закон за нотаријат, и побарале изнаоѓање на решение прифатливо за двете комори, за да отстранат сите недоследности во постоечкото законско решение.

Министерката Десковска и министерот Спасовски го поддржале ставот на претставниците на нотарската комора потенцирајќи дека еден од принципите на новото законско решение мора да биде рамноправноста и еднаквоста пред законските обврски и дека е тоа голем предизвик, наспроти праксата кога моќните компании, како банките и лизинг компаниите, се покажуваат како попривилегирани од граѓаните.

„Слободата и правата на граѓаните се основниот принцип на демократијата, и како што потенцираше, секој треба да има право на избор и сам да си одбере кој ќе го застапува во правниот промет и во судските постапки при изборот на адвокат или нотар“, истакна премиерот Заев на средбата со претставниците на Нотарската комора.

Претседателот на Владата на Република Македонија изрази мислење дека до соодветно решение за овие барања на комората треба да се дојде низ транспарентна постапка и дискусија, со сите засегнати страни, за да дојде до израз аргументација за најдобро можно резултат еднаково прифатлив за сите инволвирани субјекти.

фото: Влада на РМ

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!