Големо невреме: Дрвја и покриви паѓаа врз автомобили во Тетовско

260 Views Септември 12, 2017 Локално Никола Осило

Пет патнички моторни возила од кои четири во Тетово и едно во Гостивар се оштетени како последица на невремето проследено со силен ветер и пороен дожд што доцна попладнево го зафати полошкиот регион, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според пријавите што до полицијата ги доставиле граѓани, едно возило било оштетено на улицата „Димо Гавроски Кара“ во Тетово откако од силниот ветер било откорнато дрво што паднало врз возилото. Две возила биле оштетени во населбата Шипад во Тетово откако врз нив паднал лимен покрив, а едно возило е оштетоно на улицата „Љуботенска“ откако силниот ветер подигнал деведесеттина цигли.

„Во гостиварско во Долна Бањица било оштетено Пежо 206, сопственост на 26 годишен жител на населбата откако додека било во движење врз него паднале лимови што биле оставени на улицата, а ги подигнал ветерот. Штетата во овој случај се проценува на околу 30 илјади денари“, рече Јосифовски.

МИА/фото:mercury news

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!