Непријатна честитка: Комерцијална банка со извршител побарува 8 милиони евра од „Енергоуслуги“

4963 Views Септември 12, 2017 Бизнис Никола Осило

Врз основа на Законот за хартии од вредност известуваме дека друштвото „Енергоуслуги ДООЕЛ“ Скопје, каде „РЖ Услуги“ АД Скопје е единствен оснoвач и е консолидирано поврзано има примено налог за извршување, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Вредност на налогот за извршување изнесува 496.197.630 денари (околу 8 милиони евра) што претставува целокупната опрема во „Енергоуслуги“ ДООЕЛ Скопје или 53,11% од постојаните средства. Акционерското друштво е консолидирано поврзано со должникот. Назив на спротивната страна во налогот за извршување е доверител Комерцијална Банка АД Скопје“, велат од компанијата.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!