ЕКСКЛУЗИВНО Самсоненко породолжува да се повлекува: Намален капиталот во неговата авиокомпанија „СИС авиатион“

9990 Views Септември 12, 2017 Бизнис Камелија Делија

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко го намалува капиталот во неговата авиокомпанија, која ја има во Македонија.

Според објавата на Централниот регистар извршено е намалување на основната главнина на Друштво за авио превоз “СИС авиоатион“ ДООЕЛ Скопје на 8.221.487 евра.

Самсоненко авиокомпанијата во Македонија ја основаше пред две години со капитал од 5.000 евра.

Од почетоков на годинава тој на два пати ја зголеми основната главнина на “СИС авиоатион„ и тоа на почетокот на февруари на 11,1 милион евра, и на почетокот на април на 11,3 милиони евра.

Во јавноста се шпекулираше дека тој ја подготвува својата авиокомпанија за национален авиопревозник и да лета под боите на македонското знаме.

Последната објава на Централниот регистар најавува дека Самсоненко полека се повлекува и од овој бизнис во Македонија,.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Си заминува или останува: Сергеј Самсоненко вложува во фудбалската академија Вардар

Рускиот бизнисмен се повлече од „Вардар“: Што ќе се случи со бизнисите на Сергеј Самсоненко во Македонија

Самсоненко се повлекува од Вардар: Не заслужувам вакви навреди!

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови