Каков имот има кандидатот за градоначалник, Максим Димитриевски

4354 Views Септември 12, 2017 Наша тема Петре Димитров

Во пресрет на локалните избори, еМагазин стартува со нов серијал, во кој ќе Ви преставивме со каков имот располагаат дел од кандидатите за градоначалници за престојните локални избори.

Напоменуваме дека користиме податоци од нивните анкетени листови, доставени до Државната комисија за спречување корупција, додека биле или се на некоја друга функција.

Овојпат Ви пренесуваме каков имот пријавил кандидатот за градоначалник за Куманово, Максим Димитриевски, актуелен пратеник, како пратеник.

Според неговиот анкетен лист, тој на свое име има пријавено земјиште од 10.000 метри квадратни во Куманово, проценето на 615 илјади денари, вози Опел Астра, проценета на 60 илјади денари, сопственички удел, пари во готово и златен накит.

На име на родителите има пријавено куќа во Куманово, проценета на 10 милиони денари, од 62 метри квадратни, деловен простор од 9 метри квадратни, проценет на 600 илјади денари во Куманово, земјиште...

На име на родителите има пријавено уште две возила, а уште едно и на име на брачниот другар, на чие име има исто така пријавено земјиште.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

Фото: Фејсбук/Максим Димитриевски

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Каков имот има кандидатот за градоначалник, Марјан Ристески

Каков имот има кандидатот за градоначалник, Зијадин Села

Каков имот има кандидатот за градоначалник, Благој Бочварски

Со сопругата заедно имаат четири стана: Каков имот пријавил кандидатот за градоначалник Шилегов

Има само автомобил: Каков имот пријавил кандидатот за градоначалник, Таравари

Каков имот има кандидатот за градоначалник, Стефан Богоев

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Петре Димитров

Професионален дипломиран новинар со долгогодишно искуство. Најмногу сака да патува и да прави возбудливи репортажи, но за да јавноста биде објективно информирана следи и бизнис и политика.