Несекојдневен судски спор: Русија ќе ја тужи САД

252 Views Септември 12, 2017 Свет Никола Осило

Русија нема да го пролонгира обраќањето до судот поради ситуацијата со рускиот дипломатски имот во САД, туку напротив тоа ќе го направи што побрзо, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков.

„Тоа брзо ќе го направиме, нема да го пролонгираме тоа прашање“, посочи Рјабков по состанокот со американскиот заменик државен секретар Томас Шенон во Хелсинки.

Тој додаде дека за сега нема конкретна временска рамка за тужбата.

„Русија нема друга можност освен да ја тужи американската влада“, посочи Рјабков.

Американските власти на 2. септември ги затворија рускиот генерален конзулат во Сан Франциско, трговската мисија во Вашингтон и нејзината канцеларија во Њу Јорк, објекти во сопственост на руската Влада

МИА/фото:rt.com

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!