20 години Веро во Македонија: Веро Тафталиџе најдобар маркет во групацијата „Веропулос“

Со специјални најконкурентни ценовни понуди на производи, големо шоу за готвење во живо со познати лица во кое тие ќе ги покажат своите кулинарски вештини и бројни изненадувања како награда за лојалните потрошувачи, компанијата „Веро“ месецов ќе го одбележи 20-годишниот јубилеј од работењето во земјава.

Бројните промотивни и забавни активности ќе се одвиваат во периодот од 8 септември до 8 октомври. Менаџментот на „Веро“ прославата на јубилејот ја посветува на своите лојални потрошувачи кои во голема мера се заслужни за успешното работење на компанијата во изминатите 20 години.          

Брендот „Веро“, кој се профилираше преку отворањето на првиот модерен супермаркет во скопската населба Аеродром, денес по две децении е еден од најуспешните продажни синџири во трговијата на мало кој континуирано остварува позитивни финансиски резултати. Мрежата на „Веро“ денес опфаќа 12 маркети во три градови во Македонија. Од нив, 11 се Веро маркети – седум во Скопје и по два во Битола и Тетово, како и една самостојна продавница „Џамбо“ која функционира во рамките на Веро центар во Скопје.

По еден од маркетите во Битола и во Тетово функционира заедно со продавница „Џамбо“. Комбинацијата на двата бренда, „Веро“ и „Џамбо“ внесе нов концепт во пазарувањето во земјава, при што на едно место може да се најдат сите производи кои во целост ги задоволуваат потребите на семејството.

Плановите за експанзија на „Веро“ не застануваат тука. Компанијата до крајот на годинава планира да отвори уште еден Веро маркет во Скопје и нова продавница „Џамбо“ во Битола. Со тоа 2017 година ќе ја заокружи со отворање на три нови продажни локали, откако пред неколку месеци отвори нов супермаркет во Тетово.

Во првата половина на 2018 година планирано е отворање на уште еден маркет во Скопје, како и реновирање на еден од постојните маркети во кој ќе понуди комплетно ново шопинг искуство. 

Успешноста во работењето на „Веро“ ја потврдуваат и бројките. Според менаџментот на Веро, добивката во 2016 година е зголемена за 13,87 отсто споредено со 2015, додека продажбата годинава бележи тренд на раст од 8 отсто во однос на лани. Посетеноста на маркетите оваа година бележи позитивен тренд на зголемување од 8 отсто. 

Менаџментот на компанијата смета дека во изминатите две децении го пронашол идеалниот рецепт за успех преку секојдневно настојување на конзистентност во работењето. 

- „Веро“ е тука за да остане. Во изминатите 20 години се фокусиравме на главните приоритети за професионална услуга, голем избор на најквалитетни свежи производи и ексклузивни понуди креирани според потребите на потрошувачите. Следејќи ги нивните потреби и сугестии, настојуваме да креираме ценовна политика со секојдневна конкурентна понуда со која пазарувањето на потрошувачите им станува вистинско уживање. Тоа е нашата награда и грижа кон нив. Со оваа практика ќе продолжиме и во следниот период бидејќи конзистентноста во овој поглед е единствениот рецепт за успех – вели Николаос Веропулос, претседател на компанијата „Веропулос“.

„Веро“ интензивно соработува со повеќе од 800 домашни производители, чии брендови и производи сочинуваат околу 90 отсто од асортиманот во маркетите на оваа компанија. Преку градењето партнерски однос со локалните производители, но и со вработувањето на повеќе од 1.000 лица од локалното население, компанијата го поттикнува домашното производство и му го обезбедува неопходниот стимул за развој.

Големата понуда на производи со врвен квалитет, меѓу кои има и специфични, ексклузивни производи од увоз, како и со постојаната грижа за потрошувачите, „Веро“ успева да ги задоволи потребите на повеќе од 25.000 купувачи дневно.   

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови