(Фото+ Видео) Timberland – Flyroam есен/зима 2017: Бидете брзи, лесни и слободни и поминете ги сите пречки

1837 Views Септември 12, 2017 Е-излог Редакција Емагазин

Timberland, бренд со богато наследство, кој секогаш се стреми кон иднината и иновациите, оди уште еден чекор напред со колекцијата Flyroam - обувки специјално создадени за истражување на урбаниот пејзаж.

Со авантуристичка природа, Timberland го носи духот на природата во градската средина преку современо дизајнирани обувки направени за оние кои не се плашат да одат по најпредизвикувачките патеки. 

Flyroam ја комбинира минималистичката естетика со модерен, андерграунд дизајн кој одлично се вклопува со карактерот на брендот. Лесни и слободни, Flyroam патиките се совршени за динамичното секојдневие на градскиот живот. 

Вградената и патентирана AeroCore технологија овозможува баланс на тежината која паѓа на стапалото и зголемување на флексибилноста. Дизајнот кој е фокусиран на подобар перформанс го минимизира притисокот во моментот кога стапалото ја допира подлогата и преку специјален гумен меѓу-ѓон со специјално полнење овозможува сосема ново искуство во креирањето на Вашите урбани приказни. 

Харизматични и кул во секој детаљ, Flyroam се стремат да бидат уште една од иконите на Timberland, а ги обожуваат оние кои сакаат да бидат лесни, брзи и слободни. Дали сте и Вие едни од нив? 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови