Плата над 40.000 денари земаат само 10.875 граѓани на Македонија

902 Views Септември 13, 2017 Наша тема Никола Осило

Точно 10.875 граѓани на Македонија земаат плата над 40.000 денари, а од нив само 3.296 се жени, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Ваките бројки освен што укажуваат колку е мала бројката на граѓани со високи примања повторно ја истакнуваат половата нееднаквост кога се во прашање платите.

Како што велат во ДЗС, вработеноста во Република Македонија се карактеризира со многу неповолна полова структура. Оваа структура е непроменета во еден подолг временски период, пред сè, поради нестабилните економско-социјални услови во земјата и неусогласеноста на расположливите и потребните профили на пазарот на труд.

Стапката на вработеност во Република Македонија во 2016 година кај жените изнесува 33,8% и е значително пониска во споредба со онаа кај мажите која изнесува 52,3%.

Стапката на невработеност кај жените изнесува 22,7%, а кај мажите 24,4%. Стапката на активност кај жените е пониска и изнесува 43,8%, а забележливо е повисока кај мажите и изнесува 69,2%.

Фото:Invest in people

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!