Во Америка моќни урагани, што ќе и донесат климатските промени на Македонија (2)

683 Views Септември 13, 2017 Наша тема Петре Димитров

Деновиве целиот свет имаше можност да види што всушност се климатски промени преку неколкуте моќни урагани кои го опустошија американскиот континент. Иако некој не сака да верува, во годините што следат ќе гледаме уште пострашни работи.

Секако и Македонија нема да биде поштедена. Во неколку продолженија ќе Ви ги преставиме прогнозите кои за влијанието на климатските промени врз нашата земја ги направи Министерството за животна средина и просторно планирање.

ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ПОЖАРИ

Во последните две децении во земјава имаше сериозни проблеми со шумските пожари. Во периодот од 1999 до 2012 година се евидентирани 2.800 шумски пожари, во кои изгореле околу 130.000 хектари шумско земјиште.

Вкупните штети се проценуваат (директни и индиректни) на околу 67 милиони евра, стои во публикацијата „Шумарството и климатските промени“ на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во публикацијата се проценува дека поради климатските промени, шумските пожари во Македонија ќе бидат уште почести.

„Тоа е е така поради предвидените промени во температурата на воздухот, во комбинација со намалување на врнежите, посебно во летните месеци, што ќе предизвика услови за појава на шумски пожари“, стои во публикацијата.

ИСЧЕЗНУВАЊЕ НА ФЛОРА И ФАУНА

Поради влијанието на климатските промени намалувањето на биолошката разновидност на планетева е за сто пати повисока од таа во прединдустриската ера. Исчезнувањето на едни видови, ќе придонесе и до исчезнување на други во годините што следат.

Намалувањето или исчезнувањето на одредени видови не е само резултат на климатските промени, чии последици допрва посериозно ќе ги видиме, туку и поради растот на населението, промени во покривката на земјата, употребата на земјиштето, експлоатација на одредени видови со исклучување на други, сечата на шумите..., стои во публикацијата на Министерството за животна средина и просторно планирање, „Биолошката разновидност и климатските промени“.

Во Македонија во оваа публикација со најголем ризик од климатските промени се идентификувани 79 видови габи и мовови, 74 видови алги, 392 виши растенија и 113 рбетници.

(Продолжува)

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Во Америка моќни урагани, што ќе и донесат климатските промени на Македонија (1)

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Петре Димитров

Професионален дипломиран новинар со долгогодишно искуство. Најмногу сака да патува и да прави возбудливи репортажи, но за да јавноста биде објективно информирана следи и бизнис и политика.