Македонски шуми ќе потроши 38.000 евра за лопати, копачи, секири, метли за гаснење на шумски пожари

192 Views Септември 13, 2017 Бизнис Камелија Делија

ЈП Македонски шуми п.о – Скопје распиша оглас за доделување на довор за јавна набавка на технички средства и прирачен алат за гаснење на шумски пожари.

Според објавата на Електронскиот систем за јавни набавки се работи за набавка на лопати, копачи, секири, метални метли, сор, гребла, мултифункционална алатка за гасење шумски пожари, лимени табли, стоп палки за шумочуварска контрола, рачни радиостаници.

Проценетата вредност на договорот е 2.350.000 денари или околу 38.000 евра.

Критериум за добивање на договорот е најниската цена.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови