За седум месеци половина милон туристи: Турците најбројни, само во јули дошле 25.000 гости

235 Views Септември 13, 2017 Бизнис Камелија Делија

Турците се најбројни туристи во Македонија. Според податоците на Државниот завод за статистика само во јули бројот на гости кои од Турција дошле да ја псоетат Македонија изнесува 25.468.

Втори на листата на најбројни туристи во јули, во екот на туристичката сезона се Холанѓаните со над 5.000 гости. Потоа следат туристите од Србија со над 8.000 гости во јули.

Во земјава дошле и над 5.000 Холанѓани, скоро 2.500 гости од Австралија, над 1.000 Швеѓани и швајцарски државјани, повеќе од 1.000 Хрвати и Французи, над 5.000 Полајци, 3.242 Грци, 4.104 Бугари и други

Според статистиката во јули земјава ја посетиле вкупно 153.435 туристи, а бројот на ноќевањата изнесувал 584.014. Споредено со претходниот месец бројот на туристи е зголемен за 18,3%, додека бројот на ноќевања е зголемен за 10,9%

Во периодот јануари - јули во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 14,2% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 8,3%, а кај странските има зголемување за 17,6%.

Во периодот јануари - јули 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 11,8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6,6%, а кај странските има зголемување за 17,6%.

За седум месеци земјава ја посетиле вкупно 525.716 туристи.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови