Спортскиот центар „Борис Трајковски“ бара молерски услуги за 5.700 евра

233 Views Септември 13, 2017 Бизнис Камелија Делија

Спортски центар „Борис Трајковски“ објави оглас за барање за прибирање на понуди за извршување на молерски работи. 

Се работи за крпење на оштетени ѕидови и бојадисување во комплексот на Спортскиот центар „Борис Трајковски и сукцесивно бојадисување на ѕидови во комплексот на Спортскиот Центар во Скопје, по повик од договорниот орган.

Проценетата вредност на договорот е 350.000 денари или 5.700 евра.

Критериум за добивање на договорот е најниската цена.

Фото: Билд

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови