ММФ се сретна со странските инвеститори: Потребна е поголема соработка со домашните

157 Views Септември 13, 2017 Бизнис Камелија Делија

Странските инвеститори кои веќе се дел од македонското стопанство веруваат во системот и со тоа што веќе подолго време се на македонскиот пазар, генерално ја сметаат бизнис-климата добра за стопанисување, истакнала Ирена Јакимовска, потпреседател на Советот на странски инвеститори на Македонија на вчерашната средба со претставници на Меѓународниот моменатен фонд (ММФ) во земјава.

Како што информираат од Стопанската комора, Јакимовска остварила средба со Јасмин Рахман, шеф на Делегацијата на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд за Република Македонија, а на работната средба се дискутирало за работењето на странските инвеститори во Македонија.

На состанокот меѓу другото, било истакнато дека постојат области во кои е потребно надградување, посебно на полето на поголема соработка помеѓу домашните и странските инвеститори.

На тој план, Советот на странски инвеститори веќе работи на поинтензивни контакти и деловни врски со домашните компании.

Фото: СКМ

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!