ЕКСКЛУЗИВНО: Колежот на јагнињата во Стојаково во тајните документи на ЦИА

4634 Views Септември 13, 2017 ЦИА открива Никола Осило

Како што во неколку наврати веќе пишуваше „еМагазин“, американската Централна разузнавачка агенција ЦИА неодамна објави 12 милиони тајни документи меѓу кои и илјадници кои се однесуваат на Македонија и Југославија.

Во оваа прилика ви пренесуваме како агентите на ЦИА во 1953 година ги известувале претпоставените во Вашингтон за одлуката на јусгословенските власти да ги ослободат селаните од колективизцијата односно тоа да биде на доброволна основа. Во овој период селаните од Стојаково протестирале, што било несекојдневен настан во тој период поради „железната рака“ со која владееле комунистите.

„На 30 март, 1953 година жителите на Стојаково, општина Гевгелија протестираа против колежот на 700 јагниња од колективните фарми во Стојаково. Јагнињата беа продадени на трговците за Велигден. Селаните тврдеа дека јагнињата се нивни и дека затоа сакаат сами да ги продадат. Интервенираше полицијата и јагнињата беа испратени во Гевгелија“, се вели во документот.

Оргиналниот документ на ЦИА ТУКА.

СИТЕ ДОКУМЕНТИ НА ЦИА ЗА МАКЕДОНИЈА КОИ ЕМАГАЗИН ДО СЕГА ГИ ОБЈАВИ МОЖЕТЕ ДА ГИ НАЈДЕТЕ ОВДЕ.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!