Врховниот суд го поддржа Трамп: Забрана за бегалци во САД

190 Views Септември 13, 2017 Свет Никола Осило

Американскиот Врховен суд му одобри на претседателот Доналд Трамп да воведе забрана за влез на бегалци од целиот свет во САД. Врховниот суд на САД ја прифати жалбата на Адмистрацијата на Трамп на одлуката на федералниот Апелациски суд, која, според Министерството за правда, ќе овозможеше пред крајот на октомври во САД да влезат околу 24.000 бегалци.

Сепак, ова не е конечна одлука на Врховниот суд на САД во врска со прашањето за политиката за бегалците. Судот, на 10 октомври ќе ги сослуша аргументите за законитоста на забраната за влез во САД на граѓани од шестте претежно муслимански земји, како и бегалци од целиот свет.

Се уште не е јасно за што точно треба да одлучи Судот, бидејќи забраната за граѓаните од шестте муслимански земји, што беше воведена на 90 дена, истекува кон крајот на месецов, додека важноста на забраната за влез на бегалците ќе престане за еден месец.

МИА/фото:Си-Ен-Ен

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!