(Фото) Пејзаж кој го одзема здивот: Појдете во Трница, на качамак под Бистра

17389 Views Септември 13, 2017 Check in Камелија Делија

Кога последен пат сте јаделе качамак со овчо сирење или домашно кисело млеко. Ако сакате да се потсетите на традиционалните вкусови и на детството кога вашите баби Ви подготвувале качамак тогаш рестранот Кораб Трница е вистинско место за Вас.

Во пазувите на планината Бистра, само неколку километри од Маврови Анови на патот кон Дебар се наоѓа овој традиционален ресторан, кој станува се попопуларно место за релаксација, посебно во жешките летни денови. 

Ресторанот, кој е  изграден во 1974 година сега е целоснор реставриран со автентичен изглед и градба.


Трница се наоѓа во срцето на националниот парк Маврово, нудејќи пејзаж  кој го одзема здивот, далеку од секојдневните дразби и притисоци од урбаниот начин на живот. Уникатен и единствен и комплексот нуди разновидни содржини.


Ресторанот го има задржано оригиналниот надворешен и внатрешен изглед, но за да се овозможи прием на поголем број гости, изградени се летни тераси низ кои тече рибник со речна пасрмка, како и фонтани што се прелеваат во него. 


Ресторанот има тераса со сопствен шанк која овозможува да се ужива во хоризонтите на Кораб, Шара и на Бистра.


Ресторанот го има задржано и оригиналниот ентериер, кој се состои од масивни дрвени столбови, внатрешна тераса, камин, лустери и мермер, а сето тоа е одлика на одлучноста во едно поинакво и тешко време во планински предел да се направи нешто модерно, а тоа истовремено да е и традиционално катче за уживање.


Во ресторанот се служи традиционална храна, а најпознат е по качамакот, кој е симбол на овој ресторан и кој се приготвува по стариот рецепт на овчарите од Кораб Трница.


Истиот се служи со овчото кисело млеко или со „кораб кашкавал“ и „трничко сирење“ и претставува вистинско кулинарско задоволство. 


Се служат  и традиционални рекански пити со зелка, праз, спањак и со тиква, потоа одлично приготвено јагнешко, јарешко, телешко и пилешко месо, риба, разни макала и многу други јадења. 


За десерт, освен стандардните, неизбежни се традиционалните сутлијач, баклава, печена тиква.

Она што е исто така интересно за ова место е џиновското дрво Секвоја кое што се издига токму пред влезот на ресторанот. Ова стебло успешно опстојува на сите временски промени повеќе од милион години. Фосилните остатоци од овој вид на дрво се пронајдени во карпи, а се смета дека постоеле во периодот на "Јура", помеѓу 180 и 140 милиони години.


Денес преживеале само две врсти од ова дрво, од досега откриените 11 и се наоѓаат во Кина, Калифорнија. 

Во "Трница" е посадена во 1974 година, а и во неколку европски држави има посадени слични примероци.

Во Калифорнија и "Трница" се наоѓа џиновската (sequoia giganteum) која се смета за најголемо живо дрво на нашата планета и со самото тоа е едно од природните светски чуда.


Ова дрво расте на надморска висина помеѓу 900м и 2500м. Висината на Џиновската Секвоја се движи помеѓу 46м и 100м со пречник помеѓу 9м и 11м, а тежината изнесува околу 2.500 тона. 

Најстарите примероци се стари негде помеѓу 2500-4000 години, а за својата долговечност, најверојатно може да и се заблагодари на својата кора, која може да биде дебела и до 1 метар.

Фото: Ресторан Трница/Фејсбук

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести