Пораталот motori.com.mk 10. роденден ќе го прослави со хуманитарна забава

На 13 септември 2007-ма година беше објавена првата содржина на единствениот македонски веб сајт за мотори - motori.com.mk. Изминаа цели 10 години од првите средби, запознавања, возења... а сите заедно направивме многу за оваа наша македонска мото заедница. 

Идејата е јубилејниот роденден да го направиме значаен, да остане запаметен. На нашиот колега моторџија Ивица Станковски - Белчо од Куманово му се потребни средства за да набави квалитетна протеза, која ќе му помогне самостојно да се движи. Тој пред два месеца остана без едната нога, во сообраќајна несреќа на раскрсницата кај спортската сала во Куманово, при судир на мотор и џип. 

Се одлучивме за дневна забава, во кафеана, во пријатна атмосфера да прославиме 10 години постоење на Мотори.ком.мк. За доброто расположение ќе се погрижат фантастичните Plan G од Гостивар, за разладување ќе имаме точено пиво, а за гладните и вкусна скара. Целиот профит од роденденската забава ќе биде дониран на Ивица, а дополнително ќе биде поставена и кутија за донации. Најавени се повеќе од 200 мотоциклисти од целата држава. 

Би сакале да изразиме огромна благодарност до градската кафеана „Калабалак Парк“ и до „Кожувчанка“ без чија несебична помош немаше да можеме да ја организираме забавата. Улицата од потегот на хотелот Канет до пицеријата Занзибар ќе биде затворена за сообраќај од страна на МВР, а благодарение на ЈП Паркинзи на Општина Центар паркингот пред кафаната ќе биде ослободен за мотоциклите.

Ќе ни биде чест и задоволство доколку вие или претставници на вашиот медиум присуствуваат на забавата во недела.

За сите дополнителни прашања или информации ви стоиме на располагање на 072/258-252, лице за контакт Благоја Мартиновски.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови