Завршува мандатот на Комисијата за лустрација: Фијаско или вистинско прочистување од кодошите

271 Views Септември 13, 2017 Македонија Никола Осило

Собранието на Република Македонија денеска го констатираше преставувањето на мандатот на Комисијата за верификација на факти, односно таканаречената Комисија за лустрација.

Претседателот на Собранието Талат Џафери појасни дека Комисијата за верификација на фактите врз основа на член 5 став 3 од закон за престанување на важење на Законот за определување услов за ограничување на вршење јавна функција, пристап до документи и објавување на соработката со органите на држанвите безбедност, до Парламентот доставила информација за нејзината работа за периодот 15 јануари 2019 година до 31 август 2017 година и оти тоа информација до пратениците била доставена на 29 август.

Врз основа на таа информација, појасни Собранието на Република Македонија на првата седница без претрес констатира дека мандатот на Комисијата за верификација на фактите престанува.

МИА/фото:sienanews

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!