Андреј Жерновски ја повлече независната кандидатура за градоначалник

Андреј Жерновски ја повлече независната кандидатура за градоначалник, соопшти на неговиот Фејсбук профил.

„Како одговорен човек и политичар, секогаш ќе ги ставам единството и напредокот пред личните интереси. Затоа ја повлекувам независната кандидатура и давам целосна поддршка на партијата во новата битка која ни претстои.

Во договор со премиерот Заев, одлучив да ја продолжам кариерата на висока раководна позиција во централната власт и да станам дел од партијата која тој ја предводи. Со него имам одлична соработка и голема меѓусебна доверба и почитување. Токму затоа и решив да ја прифатам неговата понуда и заедно да продолжиме во нови победи. 

Сакам да Ве уверам дека останувам посветен на Општина Центар и соработката со Вас. 

Дозволете од се' срце да Ви се заблагодарам за несебичната поддршка што ми ја дававте изминатите четири години како градоначалник на Центар. Ова беа истовремено најтешките, но и најубавите четири години од мојот живот, во кои искусив и научив многу.

Во исклучително бурни времиња, преполни со уцени и закани, успеавме да направиме многу за општината, но и за соборувањето на режимот на Никола Груевски. Покрај сите притисоци, напади и опструкции, ги разобличивме сите злоупотреби на ВМРО-ДПМНЕ во Центар, но и реализираме 230 проекти од интерес на граѓаните.

Иако тие проекти се реализирани исклучиво од сопствениот буџет, односно со 0 денари поддршка од централната власт, во еден мандат направиме повеќе од тоа што во претходни мандати го направија градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Јас и мојот тим сме особено горди и знаеме дека сето ова немаше да биде возможно без огроманта поддршка која ја имавме од сите вас“, пишува Жерновски.

Фото: Фејсбук/Андреј Жерновски

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Саша Богдановиќ кандидат на СДСМ за градоначалник на скопски Центар

Заев тврди дека Жерновски ќе се откаже од трката за градоначалник на општина Центар  

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови